Кирацоски: Пендаровски е во водство, очекуваме победа

Генералниот секретар на СДСМ и шеф на Изборниот штаб на Пендаровски, Александар Кирацоски оцени дека изборите биле фер, демократски и слободни и дека е постигнат цензуот, што покажува дека граѓаните постапиле одговорно.

„Спроведени се кристално чисти избори како што наликува на една европска и демократска држава“, рече Кирацоски за што одговорни се и граѓаните и институциите.

„Ги имаме и првичните тенденции. Стево Пендаровски е во водство и очекуваме победа.

Никој да не се обидува преку лажни вести и измислици да бара алиби за евентуално непосакуван резултат на изборите. Мнозинската волја на граѓаните која ја изразија на фер избори треба да биде испочитувана од секого “ кажа Кирацоски.