Кирацовски на летниот камп на СДММ: Младите се сегашноста и иднината на Македонија

На Летниот камп на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) се одржа дебата со генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

„Младите луѓе се сегашност и иднина на Македонија. Затоа СДСМ секојдневно вклучува се повеќе млади луѓе во извршната власт, кои со своето образование, квалитет и чесност ќе бидат носители на реформите во Македонија.Фокусирани сме на решавање на младинските проблеми. Дојде времето кога треба да ја реализираме нашата програма, нашите решенија креирани заедно со младите луѓе“, рече Кирацовски,

Според него проектот „Младинската гаранција“ е една од мерките која ќе им понуди вработување, дообразување на младите, практика или тренинг.

„Оваа мерка ќе почнеме да ја спроведуваме од први септември. Ќе следува цел сет на мерки за млади чија примарна цел е задржување на младите во Македонија и намалување на младинската невработеност“, додаде Кирацовски.

Додаде дека целта е да се промени сликата за политиката во Македонија.

„Со нашата работливост, одговорност и отвореност ќе покажеме дека може поинаку, целта е да направиме од Македонија земја во која вреди да се живее“, потенцираше генералниот секретар на СДСМ“, уверува Кирацовски.

Тој говореше и за дејствувањето на СДСМ во претстојниот период.

„Ќе продолжиме да бидеме отворена партија која ги интегрира сите луѓе кои сакаат да и помогнат на Македонија. СДСМ е модерна, европска партија кадешто правилната комуникација со граѓаните е од суштинско значење“, рече Кирацовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.