Кире Лазаров без „странците“ против Србија

Најавеното формирање на Б репрезентација очигледно веќе започнува, барем доколку се види списокот на селекторот и капитен на ракометната репрезентација на Македонија во ракомет. Тој денеска го објави списокот на 35 ракометари за претстојниот двомеч контролни мечеви против Србија во Ниш, каде нема ниту еден ракометар кој игра во странство.

Лазаров најави формирање Б селекција, со цел потенцијалните репрезентативци да влезат потенцијалните млади ракометари, кои би биле конкуренција на првотимците на следното Европско првенство.

Овој список со 35 ракометари е поширок, а кои од нив ќе влезе во потесниот, останува да видиме.

Натпреварите со Србија се на 19-ти и 20-ти јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.