Кире Маркоски дополнитено повикан, против Норвешка без Несторовски и Ѓорѓев

Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски од Работнички за контролниот натпревар против Норвешка закажан за 11-ти ноември на Националната арена „Филип Втори” во Скопје.

Кире Маркоски ќе го замени во офанзивниот ред напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски, кој по барање на неговиот клуб е ослободен од репрезентативни обврски за овој дуел.

Поради повреда, селекторот Ангеловски нема да може да смета ниту на Никола Ѓорѓев, а по собирот на репрезентативците во вторник ќе биде познато  дали Кире Ристевски и Висар Муслиу ќе бидат во составот за натпреварот со Норвешка.

Собирот на репрезентацијата е закажан утре во 12 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.