Кирил Лазаров ќе игра уште една година

33

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, по победата на Македонија над Швајцарија соопшти дека не заминува во пензија, туку ќе игра уште една година, затоа што постигна договор со Нант.Неговиот договор со клубот истекуваше на крајот од оваа сезона, меѓутоа двете страни брзо пронашле заеднички јазик, па така, најтрофејниот македонски ракометар уште една сезона ќе игра во Нант.

„Јас решив, уште клубот нема објавено официјално, но ќе одиграм уште една сезона во Нант, можеби во форма со помала минyтажа. Така беше планот и оваа година, но не може планови изгледа да се прават. Не беше таков планот, ама се сменија работите заради ковид-ситуацијата. Да се простам пред празни трибини, ќе беше лошо. Не инсистирав само јас, туку и мојот клуб, затоа што имам добра сезона“, изјави Лазаров.

Лазаров во Нант е од 2017 година, а во Франција пристигна од шпанска Барселона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.