Кирил Пецаков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид

Ние сме народна партија и местото ни е пред граѓаните, на плоштадите и улиците и тука е вистинското место каде што ќе ги презентираме нашите политики – Македонија за сите луѓе“, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред одржувањето на партиската трибина.

„До крајот на месец јули очекувам 45 имиња да го поминат филтерот на партијата и да бидат потврдени од Централниот комитет, за конечни кандидати за градоначалници. Едно од тие имиња е веќе објавено, а станува збор за пратеникот д-р Кирил Пецаков, кој што ќе кандидат за градоначалник на општина Охрид“, информираше Мицкоски.

Мицкоски вели дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со сосема нови кадри.