Кирков: Имаме трајно решение за справување со кучињата скитници

Ние не сакаме да бидеме сведоци на еутаназија на кучињата, меѓутоа бидејќи има и побезболни начини да се реши овој проблем, ви ја предлагам нашата програма, за која сме сигурни дека вистински и правилно ќе го реши овој проблем, изјави за Курир кинологот Стефан Кирков.

Евтаназија или убиство на кучиња е кривично дело и се лежи во затвор. Кучињата не се виновни што се наоѓаат на улица. Дека тие се на улица е сепак и од човечкиот фактор, поради оној нехуман третман од сопствениците на милениците, рече Кирков за порталот Курир.мк

Кирков истакна дека со програмата која ја нудат проблемот со бездомните кучиња ќе се реши засекогаш.

Итно отварање на професионални стационари во секоја општина во Република Македонија, хуман и професионален третман при задомувањето на секое куче, извршување на нивна кастрација, чипирање и соодветен ветеринарен третман до крајот на животниот век на кучето, се само дел од проектите од програмата која ја престави кинологот Стефан Кирков.

Кирков рече дека во Македонија конечно треба како и во повеќето држави во светот во склоп на Министерството за внатрешни работи да се формира „Полиција за животни“, популарна како „ animal police “.