Кирстен Данст обелодени дека пред четири месеци го родила вториот син

Кристен Данст и нејзиниот партнер Џес Племонс пред четири месеци станале среќни родители на второто дете, сонот Џејмс Роберт, потврди актерката за весникот The New York Times.

„Ова е приновата во нашето семејство, нашата ‘Фаца’. Тој е ангел, но гладен ангел… и тежок ангел“, рекла актерката.

Триесет идвеветгодишната Данст и шест години помладиот Племонс се запознаа во 2015 година на сминањето на телевизиската драма „Фарго“ во која играа сопружници. Се венчаа во 2017 година, досега го имаа само тригодишниот син Енис Хауард Племонс.

Племонс во последдниот период беше разделен од семејството кое живее во Лос Анџелес, бидејќи со Леонардо Дикапри го снима најновиот филм на Мартин Скорсезе „Killers Of The Flower Moon“.

Данст во разговорот за The New York Times зборува за „убавините“ од грижата и чувањето на новороденчето. „Толку сум заморена, но сум отспала цела ноќ веќе четирии месеца“, додала меѓу другото,.

Актерката која е позната по успешните филмски улоги, вестите за бременоста ги објави во март кога позираше за насловната страница на списанието W Magazine, а фотографијата ја осмисли и сними нејзината пријателка и соработничка, режисерката Софија Копола.