Кисинџер: Време за договорен мир во Украина и крај на сништата за растурање на Русија

Се приближува времето за мир за договорот за договор за мир во Украина за да се намали ризикот од светска војна, а соништата за растурање на Русија би можеле да предизвикаа нуклеарен хаос в, смета искусниот американски дипломат Хенри Кисинџер, во својот авторски текст објавен претходно седмицава во магазинот The Spectator.

Кисинџер, архитект на политиката на детантото кон поранешниот Советски сојуз од периодот на блоковската идеолошка Студена војна од половината на минатиот како државен секретар во мандатите на републиканските американски претседатели Ричард Никсон и Џералд Форд, се среќаваше повеќепати со рускиот претседател Владимир Путин откако во 2000 година овој се појави на политичката сцена како водечка фигура во политиките на Москва.

Судирот во Украина започна со руската инвазија на 24-ти февруари, откако Путин порача дека мора да преземе воена акција за заштита на доминантното руско и рускојазично население во историската југоисточна украинска област Донбас, кои се отцепија по превратот во Киев поддржан од Западот во 2014 година. Путин порача дека војната била неизбежна да се спречи геноцид врз Русите во Украина, откако биле пробиени плановите на челниците во Киев поттикнат од НАТО и САД во март да започнат голема офанзива во Донбас и воено да ја решат кризата.

Во прилог на тоа говори и неодамнешното интервју за германскиот весник Die Zeit, на поранешната канцеларка Ангела Меркел која ги опиша двата мировни договори од Минск, во кои беа вклучени и Германија и Франција и со кои двете проруски сепаратистички региони Доњецк и Луганск требаше да останат во составот на Украина но со широка автономија, како „трик“ и „обид да ѝ се даде време на Украина да зајакне“. Според неа, „на сите им беше јасно“ дека конфликтот е замрзнат и дека проблемот не е решен, „но со тоа на Украина ѝ беше дадено непроценливо време“. Меркел, притоа, изрази сомневање дека земјите од НАТО би можеле тогаш да му дадат поддршка на Киев во онаа мера како што тоа го прават сега.

Во моментов, по стотиците илјади жртви на двете страни и големите разорувања, Москва бара Киев да го признае присоединувањето на четири доминантно руски јужни и украински региони на Руската Федерација. Украина, пак, со огромна воена поддршка на НАТО и САД порачува дека мора да бидат протерани сите руски сили од украинска територија, вклучително и од црноморскиот полуостров Крим каде доминантното руско население уште во март 2014 година се реши да си ја врати укинатата автономија во 1990-те години и да се врати во составот на Русија од која е отцепен 1956 година во време на СССР.

Покрај тоа Украина по почетокот на војната поднесе барања за членство во НАТО и Европската унија. Русија и претходно немаше спротиставување на влезот на Украина во ЕУ, сметајќи дека преку неа би имал влијание и потесни врски со блокот, но жестоко се противи на нејзиниот влез во Северноатлантската алијанса, иако од НАТО велат дека тоа засега не е опција, и се чини дека тоа, како и желбата на Киев да стане „нуклеарна земја“ се главните причини за руската инвазија.

Имено, на 17-ти декември 2021 година, руското Министерство за надворешни работи ги објави двата нацрт-договори на Русија за безбедносни гаранции, кои Москва ги очекуваше од Вашингтон и НАТО. На 26-ти јануари годинава, САД и НАТО го предадоа својот писмен одговор на предлозите на Москва за безбедносни гаранции, кои вклучуваа повлекување на стратешки вооружувања во Европа близу руските граници, повелкуање на трупите до разграничувањето во 1997-та и не примање во воениот блок на соседните земји на Русија, во прв ред Украина и Грузија. Американската страна побара текстовите на овие документи да не се објавуваат. Сепак, американскиот државен секретар Антони Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги истакнаа нивните основни одредби. Овие изјави укажаа дека Западот одби да ги направи фундаменталните отстапки за спречување конфронтација со Москва.

 

Стратешките промени се веќе постигнати

„Се приближува времето да се гради на стратешките промени коишто се веќе постигнати и да бидат интегрирани во новата структура со цел да се оствари мир преку преговори. Мировниот процес би требало да ја поврзе Украина со НАТО, на кој и да е начин тоа да биде изразено. Алтернативата на неутралноста веќе нема смисла“, пишува Кисинџер во написот за магазинот The Spectator под наслов „Како да се избегне нова светска војна“.

Кисинџер потсетува дека во мај предложи прекин на огнот според кој Русија би се повлекла на линиите пред инвазијата од 24-ти февруари, додека за Крим „би се преговарало“.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилисујам Барнс, кој порано беше амбасадор на САД во Москва, во интервјуто објавено во саботата рече дека иако повеќето судири се завршуваат со преговори, оцената на CIA е дека Русија сѐ уште ниту помислува сериозно на вистински преговори за ставање крај на војната.

Москва постојано посочува дека нема да исклучи разговори со Киев, обвинувајќи ја Украина за недостиг на ангажман. Украинскиот претседател Владимир Зеленски постави услови за какви било преговори со Русија, кои вклучуваат „обновување на територијалниот интегритет на Украина“, „компензација за сета воена штета“ и „казнување на секој воен злосторник“. Во октомври тој потпиша и декрет за забрана на какви било преговори со претседателот Владимир Путин.

Во раните денови од конфликтот, Киев имаше поинаков тон, испраќајќи тим од преговарачи во Минск и во Истанбул, да разговараат за решение со Русија. Подоцна, сепак, нагло се повлече од овие разговори. Тогаш портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочи дека сите идни разговори само со Украина веројатно нема да успеат, бидејќи каков било договор меѓу двете земји ќе биде „веднаш откажан по наредба“ од Запад.

Кон крајот на март, по преговорите во Истанбул, трите страни објавија дека е на повидок запирање на конфликтот и постигнување примирје. Но веќе неколку дена подоцна, како што пишуваа тогаш некои украински и западни медиуми, по ненајавените посети на Киев од страна на поранешниот британски премиер Борис Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин, Украина нагло се откажа од преговорите и досега не се остварени никакви контакти меѓу двете страни.

 

Правењето Русија „немоќна“ се заканува со хаос

Кисинџер сугерира затоа, дека доколку се покаже дека враќањето на статус-квото од 2014-та е невозможно, можна опција би била меѓународно надгледувани референдуми во регионите кои со плебисцит организиран од привремените проруски сепаратистички сили летово се присоединија на Русија, што Украина и Западот не го признаваат.

Рускиот претседател Путин откако ја нареди „специјалната воена операција“ за „спречување геноцид врз народот во Донбас“ изложен на „систематско уништување“ од 2014 година во Украина во своите подоцнежни коментари рече дека тоа е моментот на пресврт во кој Русија конечно му пружила отпор на колективниот Запад предводен до САД, кој сака да го искористи распадот од 1991 година и да ја распарчи Русија и да дојде до нејзините огромни природни ресурси.

Оттаму, Кисинџер предупредува дека намерите Русија да се направи „немоќна“ или таа да се распадне може да предизвика хаос.

„Распадот на Русија или уништувањето на нејзината способност за стратешка политика би можело да ја претвори нејзината територија која се протега низ 11 временски зони во вакуум околу кој би имало борби. Нејзините конкурентни заедници би можеле да одлучат да ги решат своите спорови со насилство. Другите земји би можеле да се обидат да ги прошират своите претензии со сила. Сите тие опасности би ги продлабочиле илјадниците нуклеарни боеви глави кои ја прават Русија една од двете најголеми нуклеарни сили“, предупредува 99-годишниот Кисинџер.

 

Новата архитектура на светскиот поредок

Москва ќе ги приучува иницијативите на Кисинџер за решавање на војната во Украина, рече во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнувајќи ја неопходноста од искуството и талентот на американскиот политичар при вакви заострени ситуации.

„Со голем интерес ќе го проучиме овој материјал. Досега, за жал, немаше такви можности“, рече портпаролот на рускиот претседател.

Во Москва особено се обрнува внимание на наводите на Кисинџер во авторскиот текст во The Spectator околу тоа како го гледа идниот свет по судирот меѓу Русија и Украина, како и европската безбедносна архитектура. Посебно се акцентира дека конфликтот е дојден до моментот кога треба да се „искористат предностите на настапените промени“ и тие да се претворат во „нова структура“ за постигнување договор.

Руската страна особено ги истакнува мислењето на поранешниот американски државен секретар според кој е неприфатливо отсуството на Москва во новиот светски поредок по завршувањето на војната во Украина.

Имено, според Кисинџер украинскиот мировен процес, меѓу другото, треба да вклучува „дефинирање на новата меѓународна структура, особено за Централна и Источна Европа“ и притоа Москва да заземе одредено место во тој поредок. Повторува дека и по крајот на војната во Украина, не смее да се инсистира на натамошно истоштување на Русија, и поради нејзиниот придонес во светската рамнотежа и историската улога што ја има просторно најголемата земја на светот.

Во фокусот на Москва и руските политички коментатори е, исто така, и мислењето на Кисинџер дека доколку не може да биде постигнат мир со прекин на непријателствата или преговори, треба да биде разгледана опцијата за „самоопределување“ на споменатите четири украински региони сега во составот на Руската Федерација.

 

Кисинџер на „листата непријатели“ на Киев

Кон крајот на мај, поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер беше додаден на веб-страницата Миротворец („Миротворец) и е ознаен како „соучесник во злосторствата на руските власти“. Кисинџер се најде на „црната листа за отстрел“ откако повика на договор за мир меѓу Киев и Москва и враќање на статус кво од пред февруари.

Создадена во 2014 година, веб-страницата „Миротворец“ чија почетна страница содржи гризли мозаик на мртви руски војници – е јавно пребарувана база на податоци за „проруски терористи, сепаратисти, платеници, воени злосторници и убијци“. Тие се движат од членови на руската војска до западни политичари како унгарскиот Виктор Орбан, кој се спротивстави на санкциите на руската нафта и гас. Таа е меѓународно критикувана, бидејќи се смета за пронацистичка платформа којашто објавува јавни податоци за лицата кои ги одбележува, меѓу кои и деца и жени, и ги прави цели за отстрел.

Кисинџер беше обвинет од „Миротворец“ за „ширење наративи за руско-фашистичка пропаганда и уцена. Овие обвиненија го прават „соучесник во злосторствата на руските власти против Украина и нејзините граѓани“.

Претходно Кисинџер на Светскиот економски форум во мај во швајцарски Давос рече дека мора да се постигне мировен договор меѓу Киев и Москва во наредните месеци, за да не дојде до прераснување на конфликтот во глобална војна меѓу НАТО и Русија. За да се стори тоа, Кисинџер рече дека Украина мора да прифати враќање на „статус-квото“ или да се откаже од територијалните претензии кон Крим и да им даде автономија на Народните републики Доњецк и Луганск.

Кисинџер е истакнат застапник на реалполитичката школа за меѓународни односи, која ги става практичните интереси на нациите пред нивните идеолошки ставови. Како државен секретар на претседателот Никсон, тој го предводеше дипломатскиот дострел на САД до Кина во текот на 1970-тите, што имаше за цел да го спречи Пекинг да се здружи со Советска Русија.

Во својот говор во Давос, Кисинџер потсети дека пред осум години, кога беше започната украинската криза со вооружен пуч во Киев, тој се залагаше Украина да стане неутрална држава и „мост меѓу Русија и Европа.

Додека лидерите на САД и НАТО го отфрлија овој совет и истурија невиден број војници и оружје во Источна Европа од почетокот на руската воена операција во февруари, Кисинџер ги повика западните лидери да запомнат дека „Русија веќе 400 години е суштински дел од Европа“, и не треба да биде „водена во постојан сојуз со Кина“ – позиција што донекаде го отсликува неговиот став од 1970-те за Кина.

Повикот на Кисинџер за преговори и отстапки беше отфрлен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во својот говор во Давос во средата изјави дека „Украина ќе се бори додека не ги врати сите свои територии“. Сепак, Зеленски, исто така, им рече на светските лидери оваа недела дека „можеби ќе се обидеме да одиме на дипломатски пат“ со Русија, „освен ако не е доцна“.

„Украинското раководство постојано дава изјави кои се контрадикторни едни со други, што го оневозможува целосното разбирање на неговите намери и дали е подготвено да преземе трезен пристап и да ја признае вистинската состојба на работите“, одговори тогаш портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.