Група австралиски бизнисмени предводени од македонскиот почесен конзул во Перт, Зоран Ќосески, вчера ја посетија општина Дебарца, со цел да се запознаат со инвестициските потенцијали, кои што истата ги нуди.
Бизнисмените ги прими градоначалникот Игор Трајкоски кој им ги презентира потенцијалите со кои располага општина Дебарца за инвестирање.
Градоначалникот Трајкоски ги однесе австралиските бизнисмени на повеќе локации во општина Дебрца, каде што би можеле да вложат во повеќе гранки во рамките на своите бизниси со кои се занимаваат.