Ќе се најдат ли македонските производи на ирачкиот пазар?

Бизнис делегација од трговско- индустриската комора на Сулејманија, Северен Ирак, денеска престојува во нашата земја со цел да ја воспостави и да ја зајакне економската и трговската соработка со Македонија.

„Во Сулејманија имаме многу малку информации за Македонија затоа сакавме лично да дојдеме и да се дознаеме повеќе за вашата земја“, рече денеска Јасми Рахим Фарај, прв потпретседател на трговско- индустриската комора на Сулејманија.

Тој најави дека денеска ќе биде потпишан договор за соработка, со кој што треба да се интензивираат меѓусебните односи, истакнувајќи дека од посебна важност се македонските инвеститори во Сулејманија, секако со реципроцитет и од нивна страна во нашава земја.

Претставници од компании од Северен Ирак се заинтересирани за увоз на повеќе производи од македонско потекло, пред се’ земјоделски производи, храна, пијалаци, како и фармацевтски производи, градежни материјали, индустриска опрема, производи за широка потрошувачка, мебел…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.