Ќе се реконструира училиштето „Гоце Делчев“ во Илинден

Општина Илинден и УСАИД утре во ОУ „Гоце Делчев“ ќе потпишат Меморандум за соработка за реализација на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.

Овој проект ќе се спроведува во најголемото основно училиште во Општина Илинден „Гоце Делчев“, во населбата Илинден. Главна цел на проектот е обезбедување поддршка за основното училиште и локалната заедница преку воспоставување на успешни локални партнерства за реализација  на  проектни активности со кои ќе се изврши  реновирање  на  училиштето  и негово натамошно одржување.

Со  проектните  активности  е предвидена промена  на  62  стари  дрвени дотраени прозорци со нови алуминиумски со  термопан стакло, промена на 5 влезни врати, рехабилитација и освежување на надворешната фасада, како и замена на котелот во училиштето.