Се уште е во тек истрагата за убиството на петнаесетгодишната Тијана Јуриќ од Србија, а судскиот процес против Драган Ѓуриќ ќе почне во февруари наредната година.
Како што пренесуваат српските медиуми ќе се вештачи и колку страдало девојчето пред брутално да биде убиено.
– Кога ќе биде завршено судското вештачење, ќе се прави невропсихијатарско вештачење на стравот кој го претрпела Тијана. Истрагата мора да биде звршена во рок од шест месеци, до јануари идната година, но ќе продолжи се додека обвинението не стапи на сила. Можно е да има и приговори по обвинението, рекла Маја Атанасковиќ, адвокатот на семејството Јуриќ.
Вештачењето за претпрен страв значи проценка на свесноста на жртвата во текот на нападот, колку патела и колку болки претрпела пред да умре.