КК Гостивар ја засили центарската позиција со Американецот Стедмен

Кошаркарскиот клуб Гостивар договори играч засилување на центарската позиција од Соединетите држави.

Се работи за Мајкл Стедмен на кого ова ќе му биде прва сезона во Европа.

Стедмен има 24 години, висок е 208 сантиметри, а во таборот на Гостивар доаѓа од универзитетот Масачусетс Минутемен каде во претходнава кампања имал просек од 7,5 поени и 3,8 скокови по натпревар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.