Клајн од германскиот Бундестаг: Мицкоски донесе правилни одлуки

164

Односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и сестринските партии во ЕПП се исклучително добри, рече во интервју за „Сител“ Волкмар Клајн, пратеник во германскиот Бундестаг, кој денеска оствари средба со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

Работите кои се важни за мене за вашата држава, истите точки како приоритет ги зема и ВМРО-ДПМНЕ и ги смета за важни за подобрување на состојбата во вашата држава. Тие сакаат да створат подобри економски и политички услови за подобра економска ситуација на државата, една правна сигурност во правосудството, работни места итн. Затоа сметам дека е добро што ЦДУ и ВМРО-ДПМНЕ имаат една многу тесна соработка во овој момент, рече Клајн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.