Клара Цеткин – заборавената феминистичка икона на Денот на жените

Бронзената статуа пред родната куќа во Видерау е едно од ретките обележја во спомен на социјалистичката поборничка на правата на жените Клара Цеткин, втемелувач на Меѓународнот ден на жените.

На втората меѓународна конференција на социјалистките во Копенхаген во 1910 година, Клара Цеткин предложила прогласување еден ден во годината во чест на женските права. Нејзината сугестија е прифатена и првиот Ден на жените е одележан на 19-ти март 1911 година. Подоцна тоа е променето во 8-ми март, бидејќи на тој ден во 1917 година жените во Советскиот сојуз добиле право на глас. ОН датумот го прифати во 1975 година и го прогласи за Меѓународен ден на жените.

Клата Цеткин е родена 1857 година во Видерау, источногерманско село помеѓу Лајпциг и Хемниц. Починала во егзил во СССР во 1933 година каде што се засолнила бегајќи пред нацистите во нејзината татковина.

Цеткин во поранешната Демократска Република Германија беше национална икона. Нејзиниот лик беше на банкнотата од десет марки. Меѓутоа, три децении по германското обединување, во земјата таа е речиси непозната, пишува германската агенција DPA по повод Меѓународниот ден на жените.

Нејзината родна куќа, поранешиот Спомен дом на Клара Цеткин, денес просто е селски музеј кој го прикажува селскиот живот од почетокот на XX век, времињата на промените и класните судири. Таа таму живеела до 15-та година, кога со семејството се преселила во Лајпциг.

Во периодот на источногерманскиот комунистички режим, секојн 8-ми март куќата во Видерау била место на своевиден социјалистички аџилак. Книгата за впечатоци на посетителите сведочи за посети на работнички колективи, училишни групи и разни делегации од целата земја.

По падот на источногерманската влада, статуата на Калра Цеткин не била поштедена од револуционерните превирања. Поставен на главната селска крстосница, бил неизбежна мета. Откако едно утро бил најден со лицето кон земјата, премесетен е во дворот на родната куќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.