„Кластер ЈСП“ во време на раст на новозаболени од коронавирус (ФОТО)

За слики со преполни автобуси во јавниот превоз во Скопје, сведочиме веќе цела година, во период на епидемија кога постои висок ризик по зравјето на граѓаните.

Иако имаше некои обиди за воспоставување протоколи, освен задолжително носење маска која генерално се почитува, делот со држење дистанца и внимавање да не се искористува максималниот капацитет на возилата, остана само на хартија и на совеста на граѓаните.
Но, кога не постои вистинско решение, а граѓаните немаат друг избор, тие се принудени да го искористат барем тоа што им се нуди, па нека е и преполн автобус, кој е како темпирана бомба во време кога опасноста од коронавирусот сѐ уште не е стивната.

Ова е денешен призор, на автобус број 19. Секојдневие во главниот град, коешто сѐ уште не е доволен аларм за ЈСП дека треба да се преземе нешто, особено сега кога бројот на новозаразени од ковид 19 повторно почнува да расте, а во најголем дел од случаите е присутен и британскиот сој на вирусот, којшто се шири со голема брзина и во Македонија.

Исто се случува и со автобусот со број 9, ова се денешни фотографии исто така.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.