Клекнат СДСМ, скриен лидер

Не­вид­ли­во­ста е фе­но­мен за кој во исто­ри­ја­та се тка­е­ле мно­гу при­ка­ски и ле­ген­ди, но, ба­рем до­се­га, ме­сто­то ѝ бе­ше во на­уч­но-фан­та­стич­ни­те ро­ма­ни. Да ис­чез­не­те не е лес­но, ма­кар и со из­ма­ма. Во нај­ма­ла ра­ка тре­ба да сте илу­зи­о­нист од ран­гот на Ху­ди­ни или Ко­пер­филд. Ка­ко и да е, по­мал­ку не­ве­ро­јат­но, но  нив­на­та тај­на ја откри­ја ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри и дел од пар­ти­ски­те чел­ни­ци. Ли­де­рот на СДСМ ис­чез­на од јав­но­ста це­ли 12 де­на. Го сне­ма, ама, бу­квал­но, од Бо­жик до Во­ди­ци. А јав­но­ста оста­на по­ку­са за еден ли­дер и за мно­гу до­бри га­фо­ви…, пишува неделникот „Република“ во своето најново издание“.

„Од Бо­жик до Во­ди­ци пр­ви­от чо­век на СДСМ вле­зе во зим­ска хи­бер­на­ци­ја, ка­ра­кте­ри­стич­на за  мр­мо­ти­те. Ја пре­диз­ви­ка, пак, ед­на ру­ска меч­ка  зат­скри­е­на во европ­ска јаг­не­шка ко­жа, поз­на­та по сво­ја­та на­ме­сте­на  нас­ме­вка.  Дип­ло­ме­цот на МГИМО, нај­до­бри­от ру­ски уни­вер­зи­тет­ски рас­ад­ник за ка­дри на КГБ, се­га евро­ко­ме­сар, мис­ле­ше де­ка та­ка ќе го раз­бу­ди ма­ке­дон­ски­от опо­зи­ци­ски мр­мот, но сле­ду­ва­ше кон­тра­е­фект. Во­ден од сво­ја­та чуд­на и искри­ве­на ло­ги­ка, по ата­ка­та и со­се­ма не­о­че­ку­ва­но – адре­сан­тот одг­лу­ми, лег­на и се пре­пра­ва­ше де­ка е мр­тов, уве­рен во ста­ри­те ба­би­ни де­ве­ти­ни спо­ред кои меч­ка­та ќе ве од­ми­не би­деј­ќи од­бег­ну­ва ва­ков тип хра­на на сво­е­то ме­ни. Оби­дот прет­ста­ву­ва­ше очај­нич­ки крик за вни­ма­ние, не го из­др­жа при­ти­со­кот за­тоа што бе­ше све­сен де­ка ни­ту не­го­ви­от прет­ход­ник и истак­нат по­ли­тич­ки мен­тор и за­штит­ник, поз­нат по твр­да­та ко­жа и огром­но­то искус­тво, на 1 март не го из­др­жа при­ти­со­кот на че­шки­от бул­до­жер и за са­мо два ча­са при­фа­ти и по­га­зи сѐ за што се за­ла­га­ше и раз­ви­ку­ва­ше це­ли три ме­се­ци. За­тоа и си зе­де жен­ско за­си­лу­ва­ње, па не за­ми­на сам, ама ба­ди­ја­ла. Се­га, иле­га­ла­та се на­мет­на ка­ко по­тре­ба за за­це­лу­ва­ње на ра­ни­те. И та­ка, не­ли – пр­ви­те ко­му­ни­сти ра­бо­те­ле во иле­га­ла, па зо­што и пос­лед­ни­те да не ги ко­ри­стат неј­зи­ни­те бла­го­да­ти…“, пишува „Република“.

Неделникот додава дека и гре­вот на но­ви­на­ри­те, кои се­ко­гаш до­би­ва­ат епи­зод­на уло­га,  бе­ше огро­мен. Не­про­коп­са­ни­ци­те се дрз­наа да ги спо­ре­дат со­оп­ште­ни­ја­та на Фи­ле и тоа на Би­ха­ќка. Нив­на бе­ше и ви­на­та што раз­ли­ки­те во ка­жа­но­то беа огром­ни, не­ба­ре се ра­бо­те­ло за раз­лич­ни сред­би. Пре­мол­чу­ва­ње­то на Мар­тов­ски­от до­го­вор сре­де ја­ну­а­ри се по­ка­жа ка­ко пре­се­дан, а име­то ја до­кон­та­ми­ни­ра бас­на­та. Се вклу­чи цр­ве­ни­от аларм. По ва­ков на­по­рен крај на ед­на и по­че­ток на дру­га го­ди­на, слу­чај­но или не, ан­ге­лот на спа­се­ни­е­то дој­де во фор­ма на до­бри­от дух на­ре­чен „Ви­са­рис“. Ток­му во мо­мен­тот на нај­го­ле­ма­та ка­но­на­да и во нај­же­шки­от дел од де­ба­та­та – што ве­тил ли­де­рот во Бри­сел, се слу­чи тол­ку по­са­ку­ва­на­та ди­гре­си­ја или, се­пак, ди­вер­зи­ја, ко­ја го от­трг­на вни­ма­ни­е­то на јав­но­ста од ми­сте­ри­оз­ни­те и ин­три­гант­ни  слу­чу­ва­ња во бри­сел­ска­та сказ­на… На­па­дот отсе­ко­гаш бил нај­до­бра од­бра­на. И  до­де­ка опо­зи­ци­ја­та се за­ни­ма­ва­ше со афе­ри и со не­га­тив­на кам­па­ња, та­тко­то на пар­ти­ја­та ужи­ва­ше во уло­га­та на не­вид­ли­ви­от чо­век.

Чепкањето на името се покажа како огромна грешка

„Зас­лу­же­но од­мо­ра­ше. Не му бе­ше лес­но. По ка­та­стро­фал­но­то ин­терв­ју на МТВ, кое обез­бе­ди  ма­те­ри­јал за ан­ти­рек­ла­ми за след­ни­те не­кол­ку го­ди­ни, сле­ду­ва­ше ис­цр­пу­вач­ки­от бри­сел­ски рас­пит кај евро­ко­ме­са­рот, кој за­вр­ши со уште по­ло­ша из­ја­ва. По­втор­но во сти­лот на Ху­ди­ни, овој пат и вол­шеб­ни­кот Мер­лин, тој не ис­чез­на ту­ку со др­ве­но стап­че и збо­ро­ви­те хо­кус по­кус пре­па­ран­тус го ре­ши име­то на Фи­ле­ва­та ма­са. Со ова, раз­бир­ли­во, не се сог­ла­си ме­ди­ум­ски­от гу­ру од Би­ха­ќка, па се слу­чи до­се­га не­ви­де­но­то во свет­ски рам­ки – пар­ти­ја­та го де­ман­ти­ра­ше сопс­тве­ни­от пре­тсе­да­тел. Тој да­де не­кол­ку ре­ше­ни­ја за проб­ле­мот со Гр­ци­ја или, во пре­вод, ре­ше­ни­ја за име­то, а Би­ха­ќка го по­би и го не­ги­ра­ше ка­жа­но­то од ли­де­рот. Мо­же­би проб­ле­мот и не­ма­ше да би­де тол­ку стра­шен за со­пар­тиј­ци­те, до­кол­ку не­го­ва­та пр­ва, за СДСМ спор­на из­ја­ва, не се под­го­тву­ва­ше и „ква­че­ше“ це­ли пет ча­са, кол­ку што беа по­треб­ни за таа да дој­де до јав­но­ста по сред­ба­та со чел­ни­кот на ЕУ. Ди­ле­ма­та што се отво­ри е да­ли, мо­же­би, тре­ба­ше да да­де из­ја­ва за но­ви­на­ри­те од два­та др­жав­ни ме­ди­у­ма, а не за „нив­на­та“ ин­тер­нет-те­ле­ви­зи­ја. Гле­да­но од се­га­шен ас­пект, по­стои го­ле­ма ве­ро­јат­ност де­ка ште­та­та ќе бе­ше по­ма­ла„, пишува „Република“.

СДСМ се тресе и се плаши од јавните настапи на лидерот

Јав­на тај­на е де­ка на­чи­нот на функ­ци­о­ни­ра­ње на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја е сме­нет од ко­рен. Не се ра­бо­ти са­мо за по­пу­лиз­мот , не­ви­де­на­та агре­сив­ност и афер­џи­ски­от при­стап. Нас­про­ти до­се­гаш­но­то ли­бе­рал­но дејс­тву­ва­ње на пар­тиј­ци­те, пра­те­ни­ци­те и чел­ни­ци­те, кои по­ра­но мо­жеа, во ду­хот на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја­та и ле­ви­ца­та ка­ко оп­ци­ја, сло­бод­но да да­ва­ат из­ја­ви спо­ред сво­е­то уве­ру­ва­ње, се­га се е бе­ском­про­мис­но и ма­кси­мал­но кон­тро­ли­ра­но од служ­ба­та за од­но­си со јав­но­ста на Би­ха­ќка. Пред да да­дат ка­ква и да е из­ја­ва, си­те, па ду­ри и За­ев и Ше­ке­рин­ска, мо­ра­ат да се кон­сул­ти­ра­ат со сво­јот ме­ди­ум­ски гу­ру, оли­це­тво­рен во ли­кот на по­ра­не­шен но­ви­нар, кој се­га е ал­фа и оме­га за ка­жа­но­то и за из­не­се­но­то пред јав­но­ста.