Клековски: Првичните чекори на ВМРО-ДПМНЕ се за демократизација на земјата и потребата од промена на политичкиот систем

Во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат М Телевизија, гостуваше членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, при што во врска со залагањето  за една изборна единица истакна дека првичните чекори на партијата се за демократизација на земјата и потребата од промена на политичкиот систем.

„Првичните чекори се во насока на демократизацијата на земјата. Потребна е промена на политичкиот систем бидејќи ние имаме целосно окупиран политички простор од мали елити на малку политички партии“, посочи Клековски.

Додаде дека првиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ е промена на изборниот законик. спроед него, тоа би значело суштинско проширување на легитимитетот бидејќи ние во моментов имаме малкумина легитимни политичари.

Според Клековски клучниот период сега ќе биде внатрепартиската политика како ќе се менува и како ќе се менува политичкиот систем. Бидејќи ваквиот систем до сега покажа дека нè води кон конфликт.

„Долгорочниот интерес на државата и општеството е зголемена легитимност на Собранието“, заклучи Клековски.