14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Клековски: Со отворени листи пратениците ќе се чувствуваат полегитимни – ќе знаат колку тежат

Легитимноста ан пратеникот зависи дали неговиот избор е одраз на волјата на граѓаните, така да кога ќе заокружите личност вие кажувате дека сметате дека тој кандидат за вас е легитимен и неговиот легитимитет се зголемува, вели Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Тема на денот од националната дебата за измени во Изборниот законик на телевизија Сител.

Клековски додаде дека на отворените листи се лица кои што се познати на партијата и на граѓаните, бидејќи токму и тоа е целта на политичката партија да привлече што поголем број на гласови.

-Јас лично сум за отворен и листи со тоа што сите мораме да ги ставиме параметрите на двете страни и доколку бидат отворени листи се уште тоа ќе бидат партиски листи. Значи ние нема да ги заокружуваме имиња кои што нас ќе ни текнат, туку што партијата решила да ги стави на 120 места, или ако остане сегашниот модел со по 20 кандидати. Треба да бидеме свесни дека партиски лидери и партиите нема да ја изгубат целосно контролата бидејќи сепак раководството ќе ја состави листата. И второ би сакал да кажам дека сега на листите не се стават непознати лица, бидејќи партиите сакаат да ги привлечат граѓаните да гласаат, потенцираше тој.

Клековски смета дека пратеникот може да одлучува според свое убедување, бидејќи не може да му биде одземен мандатот, односно како што рече мандатот може да му престане доколку тој поднесе оставка, а не партијата да го разреши.

-Ние во моментот имаме затворени листи, меѓутоа на пратениците не може да им биде одземен мандатот, иако имаме пропорционален систем, а не мнозински толкувањето е дека пратеникот може само оставка да си поднесе, а не партијата да го разреши. Со оглед на тоа бидејќи не може да му се одземе мандатот на пратениците, тие може да одлучуваат поинаку од тоа што смета партијата, истакна Клековски.

Со отворени листи пратениците ќе се чувствуваат по легитимни, бидејќи ќе знаа