Клековски: Владата е најголемиот кршач на работничките права во Македонија, за квалитетен образовен систем потребно е значајно зголемување на буџетот во образованието

Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на трибината наречена „Повисоки плати за просветниот кадар“ истакна дека со заминувањето на Мила Царовска од министерството за oбразование и наука се докажа дека Владата предводена од СДСМ водела неуспешни политики во образовниот систем.

„Ако сметате дека сте успешни како влада во образованието, ако сметате дека успешно се водат политиките нормално е да министерот да ја продолжи кариерата и функцијата за да ги доврши нели пошто во две годни не се прават реформи во образованието па да ги доврши започнатите работи. Самото заминување на Мила Царовска од владата на СДСМ говори дека во период на политиките за образование е оценет како погрешен“, истакна Клековски.

Според него, самата Влада се јавува како најголем нарушувач на работничките права во Македонија.

„Јас најодговорно тврдам дека владата е најголемиот кршач на работничките права, и тоа не само во сегментот на платите туку и во другите сегменти на стабилно вработување бидејќи ако сакате да задржите квалитетен кадар не е само платата туку тој треба да има некој перспектива, некоја стабилност во работата“, рече Клековски.

Додаде дека потребно е значајно зголемување на буџетот во образованието ако сакаме да имаме квалитетен образовен систем.

„Прво треба да се усогласиме дали образованието ни е лошо или добро, ако е лошо тоа значи дека не може да ги правиме работите како што сме ги правеле претходно. Буџетот за образование мора да биде значајно зголемен, со овој буџет толку е квалитетот. Секое очекување со истиот овој буџет да постигнеме нешто големо е смешно. Втората работа што ја покажа времето е дека за жал еден министер кој доаѓаше од граѓанскиот сектор каде што треба да се практикува партиципативност, консултации реформите во образованието ги затвори во еден тесен круг на идеолошки подобни личности кои верувам дека работеле и претходно во реформи на образованието, наместо да го направи тоа што е неопходно, да го отвори процесот консултативно со сите чинители. Значи реформи во образованието не може да се направат без тие што работат во образованието, без наставниците и професорите“, реле Клековски.

Додаде дека квалитетот во образование мора да го испорачаат само квалитетни луѓе и дека ние можеме неколку пати да ја смениме наставната програма но ако подготвиме луѓето што треба да ја спроведат таа наставна програма или план , значи не сме направиле ништо.

„Во моментот во ваква плата во образованието ние не можеме да привлечеме доволно кадар на сите нивоа, никогаш немало толку ниски плати, ова е комплетно демотивирачки за кадрите да останат во образованието туку се повеќе размислуваат да го напуштат процесот и да бараат некое друго решение надвор од образовниот систем“, заклучи Клековски.