Кличко бара истрага за телефонските разговори со лажниот градоначалник на Киев

Градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, побрала истрага откако ткн „дип фејк“ телефонски повици ги измамиле градоначалниците на Виена, Берлин и Мадрид да помислат дека разговараат со него.

„Ова е криминална енергија. Итно мора да се истражи кој стои зад тоа“, изјави Кличко во видеото коешто во саботата го сподели германскиот таблоид Bild.

Таканаречените „deep fakes“ може да идат форма на технички софистицирани видеозаписи кои изгледаат како да реално прикажуваат говор и постапки на лицето во стварниот живот.

„Неколку градоначалници во Европа ги контактирал лажниот Кличко кој зборувал апсурдни работи“, вели Кличко прецизирајќи дека неговите разговори се организираат исклучиво преку официјални канали во Киев. Додава и дека не му е потребен преведувач за разговори на германски и англиски јазик.

Германската државна безбедност веќе започнала истрага за лицето за коешто се сметало дека е Кличко и кое разговарало со градоначалничката на Берлин, Франциска Грифеј.

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, за австрискиот национален медиумски сервис ORFдека му било „нешто чудно со звукот“ во текот на, како што мислел, разговорот со Кличко. Додал дека пред крајот на разговорот, човекот кој се претставил како градоначалникот на Киев поставил „необично барање“.

„Но тоа сега не би ме натерало тоа на некој начин да го доведам во прашање“, вели Лудвиг опишувајќи го случајот како „непријатен“ но „не и како голем проблем“, бидејќи не се занимавал со чувствителни теми.

Лудвиг примил повик од Киев, кој наводно бил благодарница за испратената помош од Виена, изјавил за службената германска агенција DPA, портпаролот на виенскиот градоначалник, додавајќи дека тоа не било ништо невообичаено.

„Разговорот се водеше на англиски јазик, што во некоја рака беше помалку чудно“, рекол портпаролот имајќи предвид дека Кличко долги години живееше во Германија и одлично го зборува јазикот.

Рекол и дека го замолиле меѓународниот оддел на Киев и австриската амбасада во Киев да ја разјаснат ситуацијата, откако се покажало дека повикот веројатно бил лажен.

И градоначалникот на шпанската престолнина Мадрид, Хозе Луси Мартинез-Алмеида бил цел на лажен телефонски разговор со Кличко. Го прекинал разговорот, изјавил портпаролот на неговиот кабинет, Даниел Бардавио и додал дека поради случајот кабинетот поднел пријава во шпанската полиција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.