Кличко: Нема да дозволам крвопролевање во Украина

Опозицискиот лидер и иден претседателски кандидате, Виталиј Кличко истакна дека главна задача во моментот е да не се дозволат крвопролевања во Украина.

„Ќе направам се и нема да дозволам да се пролее крв. Тоа е нашата главна задача“, потенцираше Кличко, лидер на партијата УДАР, во своето обраќање пред почетокот на вонредната седница на Врховната рада.

Тој вети пред демонстрантите на киевскиот Плоштад на независноста дека по седницата ќе се врати кај нив и ќе им ги пренесе резултатите од дебатата во Парламентот.

Се очекува денеска Врховната рада да ги разгледа прашањата кои се од големо значење за власта и опозицијата, а можат силно да влијаат врз развојот на политичката ситуација во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.