Климатски активисти во Германија ја блокираа работата на електрана на јаглен

Група демонстранти за клима денеска ја блокираа електраната Јаеншвалде и површинскиот рудник за јаглен во источна Германија, по што делови од централата со часови не беа во функција.

„Протестираме против понатамошното работење на овој рудник за јаглен и неговото разорно влијание врз животната средина“, се вели во соопштението за медиумите на досега непознатата група активисти за клима.

Понатаму беше наведено дека „рускиот напад врз Украина не смее да се користи како изговор за континуирана употреба на еколошки штетен лигнит“.

Група активисти ги окупираа објектите каде јагленот се пренесува од вагоните во термоцентралите и на тој начин предизвикаа исклучување на два реактора.

Активистите се врза на шините со синџири, а некои користеа и бетон. Полицијата соопшти дека активистите кои полицијата во меѓувреме ги одвои од колосекот, се во притвор.

Министерот на сојузната покраина Бранденбург, Михаел Штубген побара „високи казни“ за демонстрантите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.