Климатските промени се најважните прашања со кои се соочуваме

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика светските лидери сериозно да ја сфатат опасноста од глобалното затоплување и да преземат одлучна акција во спречувањето на катастрофалниот раст на температурите.

Климатските промени се најважните прашања со кои се соочуваме, порача Гутереш денеска на свеченото отварање на самитот на ОН за клима во полскиот град Катовице.

Првиот човек на светската организација ги укори земјите, посебно тие кои се најодговорни за емисиите на штетни гасови, што не направиле доволно исполнувајќи ги целите од Парискиот климатски договор.

Договорот, потпишан во 2015 година, постави за цел одржување на глобалното затоплување значително под нивото од два степени целзиусови, при што идеалното ниво би било 1.5 степен, до крајот на векот.

Гутереш ги повика земјите да вложат напори така што до 2050 година процентот на штетни гасови кои се емитува да биде нулти и радикално да се намали употребата на фосилни горива како што е јагленот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.