Климовски: Во случај на ризик од бегство доволно е да се одземе пасош, не е неопходен притвор

„За да се спречи понатамошна опасност од бегство, доволно е да се одреди мерка претпазливост и одземање на патна исправа. Зошто притвор, нека му се одземе пасошот“, истакна Климовски.

Додаде дека јавната набавка за која се товари Сеад Кочан била реализирана во целост согласно договорот за јавна набавка.

„Извршен е мониторинг врз целата работа, комплетно како што е утврдено во договорот. Кога се распишува тендер имате отворена постапка –  52 дена трае објавата на тендерот каде може да учевствува било кој што ќе ги исполни условите, потоа имате склучување на договор, извршување на работата, и после 6 години некој излегува во јавност со информација дека фалел багер, а работата да речеме дека е завршена со друг багер“, истакна Климовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.