11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Клиниката за кардиологија осветлена во црвено за Светскиот ден на срцето

Лани починале околу 11.000 луѓе во нашата земја и врз основа на тоа ја направивме Стратегијата  за унапредување на јавното здрваје, пред се, се однесува на препораки за здрава исхрана, за физичка активност, кои се насочени кон младите луѓе, рече министерот за здравство Венко Филипче, кој вечерва ја посети Клиниката за кардиологија.

Најави дека со директорот на Универзитетската клиника за кардиологија Жан Зимбаков активно работаат и планираат набавка на нова опрема, ехо апарати. Додаде дека разговарале и за замена на едниот ангиограф во салата, а можно е да се заменат и останатите.

Филипче најави дека се планира да се реновира објектот на Клиниката за кардиологија.

Планираме да ја сместиме и детската кардиохирургија и да стане ова еден Центар за срце. Планираме и понтамау да ја промовираме едукацијата. Да се подобри едукацијата во областа на кардиохирургијата со експерти од страна, а постојаната експертиза на Клиниката за кардиологија да ја дисперзираме низ сите центри во нашата држава и тоа да стане една промоција на Националната стратергија за третман на срцевите болести, рече Филипче.

Директорот Зимбаков ја нагласи превенцијата и сугерираше дека таа треба да почне токму од нас, од самите себе.

Алелираше до сите луѓе да дадат ветување на своето срце барем за една здрава навика, дали е тоа зголемена физичка активност, внес на здрава храна, намалување на телесната тежина, откажување од некои лоши навики, како пушењето цигари, редукација на сол во исхраната…, рече Зимбаков.

Информираше дека одбележувањето на Светскиот ден на срцето го почнале со активности од 29-ти септември, кои ќе траат до 7-ми октомври. Активностите се од информативен карактер во консултација со медицинскиот персонал и ќе се дели печатен информативен матетријал. Неделата ќе се заокружи со настан на 7-ми октомври во скопско кафуле, каде средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

На актерот Александар Микиќ, кој беше избран по случаен избор, му беа извршени основните кардиолошки неинвазивни прегледи.

„Срцето мора да се одржува здраво, особено ако сакате некому да го подарите. Затоа јас редовно одам на лекар и го прегледувам своето срце“, изјави Микиќ.

Осветлувањето на зградата на Клиниката  за кардиологија во Скопје во црвено, во траење од два часа, е само една од предвидените активности во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на срцето.