Клинтон му порача на Бајден во никој случај да не го признава поразот во изборната ноќ

Поранешната демократска кандидатка за претседател на САД, Хиолари Клинтон, има неколку совети за нејзиниот сопартиец Џо Бајден кој ќе му се спротистави на републиканскиот претседател Доналд Трамп, а еден од нив е во никој случај да не го признава поразот во текот на изборанта ноќ на 3-ти ноември.

Поранешната државна секретарка Клинтон во мандатот на Бајден како потпретседател на САД, смета дека објавувањето на резултатите веројатно ќе се оддолжи поради гласањето по пошта воведено поради пандемијата на коронавирусот.

Клинтон на изборите во 2016 година беше изненадувачки поразена од републиканецот Доналд Трамп и покрај водството во речиси сите анкети, кој повторно сега заостанува во испитувањата на јавното мнение зад Џо Бајден, но во последните седмици ја намали таа разлика.

Хилари Клинтон пред четири години го призна поразот, вообичаено за САД во текот на изборната ноќ, но сега тврди дека резултатот од годинешните избори поради гласањето по пошта може да бидат познати дури подоцна во ноември. Трамп, пак, кој е жесток противник на ваквото гласање и ги обвинува демократите дека сакаат да го искористат за да ги украдат изборите, дури смета оти конечните резултати би можело да бидат познети до крајот на годината.

Клинтон смета дека резултатите во изборната ноќ би можело да покаќат мала предност на Трамп, а во тој случај предупредува дека „Бајден не би требало да попушти под никакви околности, бидејќи тоа ќе се развлече“.

Поранешната шефица на американската дипломатија ова го изјави во емсијата „The Circus“ на телевизиската мрежа Showtime. Претставникот на изборниот штаб на Бајден одбил за Reuters да го коменира ова предупредување на Хилари Клинтон.

Според процените, најмалку половина од гласачите во САД се очекува оваа година да го дадат својот глас по пошта за да ги избегнат гужвите на избирачките места, што е повеќе од двојно отколку во 2016 година. Меѓута, не сите сојузни држави и окрузи имаат капацитети да ги ги обработат поштенските гласачки ливчиња толку брзо како кога тоа се прави лично.

Покрај тоа, некои сојузни држави, вклучително и важните како Охајо и Северна Каралина, како важечко го сметаат гласањето доколку гласачките ливчиња пристигнат неколку дена по завршувањето на гласањето а го носат поштенскиот печат од изборниот ден.

„Конечно, верувам дека тој (Бајден) ќе победи, доколкуи не отстапите ниту милиметар и ако сме фокусирани и немилосредни како и другата страна“, додаде Клинтон.