Клиперс изборија учество во доигрувањето во НБА

Кошаркарите на Лос Анџелес Клипер станаа петтата екипа од Западната конференција во НБА лигата којашто и теоретски осигури настап во доигрувањето и тоа два седмици пред завршувањето на лигашкиот дел од сезоната откако со 122:111 на гости ги совладаа Минесота Тимберволвс.

Клиперси до шестата последователна победа, а вкупно 45-та сезонава, ги водеше Данило Галинари со 25 поени и 10 скокови, Лоу Вилијамс од клупата додаде 20 поени. Кај домашните најефикасни беа Карл-Ентони Тоунс со 24 коша и 13 скокови и Ендрју Вигинс со 22 погодоци.

Клиперс со соодносот на победи и порази 45 наспроти 40 моментално се на петтото место во Западната конференција, а Волфс со 33-41 се десетти и нема да играат во доигрувањето.

Дербито на вечерта беше одиграно во Милвоки каде што домашните Бакс го потврдија статусот прв тим во целата лига според соодносот со победата од 108:94 против Хјустон Рокетс. Одличен во домашната екипа беше бекот Ерик Бледшо со 23 коша, Јанис Антетокунмпо додаде 19 поени со 14 скокови, додека гостите ги предводеше Џејмс Харден со 23 поени, 10 скокови и 7 асистенции.

Со соодносот 56-19 Накс се сѐ поблиску до статусот прв носител во Источната конференција, додека Рокетс паднаа на четврото место во Западната конференција со 47-28.

Деневер Нагетс се израмнија со Голден Стејт Вориорс на првото место во Западната конференција откако со 95-92 на домашен терен ги победија Детроит Пистонс, со меч во кој за малку ќе прокоцкаа водство од 27 поени (66:39), колку што имаа на полувремето. Гостите во последната четвртина се вратија во мечот и Блејк Григфин имаше отворен шут за „тројка“ со којашто ќе го одведеше дуелот во продолжување, но топката удри во првиот обрач. Џамал Мареј со 33 поени беше најефикасниот кај Нагетс, Никола Јокиќ додаде 23 поени со 15 скокови за победниците, додека кај гостите најдобри беа Грифин со 20 поени и 15 скокови, и Андри Драмонд со 13 кошеви и 17 скокови.

Нагетс со овој успех стасаа до 50-та победа во сезоната со соодност 50-23 гио делат првото место во Западната конференција со Вориорс, додека Пистонс со соодносот 37-37 во моментов е седма екипа на Источната конференција.

Во директниот дуел за првото место во Југоисточната дивизија и осмото место во Источната конференција, последното коешто води во доигрувањето, Одландо Меџикс како гости ги совладаа Мајами Хитс 104:99 и така ја расипа прославата на „пензионирањето“ на дресот на Крис Бош. До шестата последователна победа Меџикс ги предводеше центарот Никола Вучевиќ со 24 погодоци и 16 скокови, Џоната Ајсак додаде 19, а на Хитс не им помогнаа 26 кошеви на Дион Вејтерс и уште една одлична претстава на ветеранот Двејн Вејд кој постигна 22 коша со по седум скокови и асистенции.

Орландо сега е осми во Источната конференција со соодност 37-38, додека Мајами паднаа на деветтото место со 36-38.

Шарлот Хорнетс ја продолжија серијата победи во неизвесната заршница совладувајќи ги Сан Антонио Спарс 125:116 по продолженија. Ова беше четвртата последователна победа за Хорнетс кој кои Кемба Вокер беше блиску до „трипл дабл“ ефект со 38 поени, 11 асистенции и 9 скокови, Двејд Бејкон додаде учинок на кариерата со 24 поени, додека кај гостите најефикасни беа Демар Дерозан со 30 погодоци и Ламаркус Олдриџ со 20 поени и 15 скокови.

Хорнетс со соодносот 35-39 и натаму имаат шански да влезат во плеј-офот на Источната конференција, додека Спарс со 43-32 паднаа на осмото место во Западната конференција.

Пласман во доигрувањето во вторникот обезбедија и Бостон Селтикс како петта екипа во Источната конференција на којашто тоа ѝ појде од рака и тоа со победата со 116:106 на гостувањето кај Кливленд Кавалирс. Џејсон Тејтам и Маркус Смарт постигнаа по 21 поен за Селтикс, а Колин Секстон со 24 поени беше водечки кај Кавс.