Клиперс надоместија дефицит од 15 поени за победа над Лејкерс, Бостон ја прекина серијата на Торонто

Каваи Ленард со 35 коша и 12 скокови ги предводеше Клипер до победата од 111:106 во дуелот со Лејкерс во дербито на Лос Анџелес.

Монтрез Харел постигна 18 поени од клупата, а Пол Џорџ додаде 17 поени за Клиперси кои годинава водат со 2:0 во победи против градскиот ривал.

Во поразениот тим се истакнаа Кајл Кузма со 25 и Ентони Дејвис со 24 поени.

Лејкерс благодарејќи на одличната игра во нападот направија предност од 12 разлика на полувремето, а најголемата изнесуваше 15 поени. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа незапирливи, а Лејкер постигнаа дури 63 поени до полувремето. Сепак, во продолжението Клиперс започнаа да играат многу подобро во одбраната, а Ленард продолжи со полнењето на противничкиот кош, а некои од поените постигнати во последната четвртина беа навистина клучни.

На крајот победата на Клиперс им ја донесе одбраната. Лу Вилијамс не погоди за „тројка“ при водство од 109:106 и Леброј Џејмс се обиди да израмни со „тројка“. Но 21 сантиметри понискиот Патрик Беверли го блокираше Џејмс во шутот. Топката излезе од теренот, а повторената снимка покажа дека Леброн играл последен со неа. Клиперси ја добија топката, а Пол Џорџ мирно погоди две слободни фрлања и го реши мечот.

И покрај поразот, Лејкерс и натаму се екипата со најдобриот сооднос на Западот, но ова им е веќе четврти последователен пораз. Клиперс со соодносот 23-10 се трети во истата конференција.

Божикната програма во НБА лига започна со натпреварот меѓу актуелниот првак Торонто Рапторс и Бостон Селтикс, а славеа гостите со 118:102 прекинувајќи ја победничката серија на Рапторс против екипите од Атлантската дивизија која траеше 34 мечеви.

Последните кои славеа во Торонто од дивизијата Атлантик беа Њујорк Никс во ноември 2015 година, а потоа Рапторс нанижаа 34 домашни победи.

Домаќинот на отворањето на мечот имаше 10 коша разлика (10:0), меѓутоа следеше серијата на Бостон кој до крајот на првата делнаца направи пресврт со девет поени предност (28:19). Селтикс во продолжението ја оддржуваа предноста, а на средината од последната четвертина имаа и 22 коша предност. На крајот гостите победија со 16 коша разлика (118:102).

Бостон четвртата последователна победа го водеа Џејлен Броун со 30 коша, шест скови и четири асистенции. Кемба Вокер додаде 22 коша, Гордан Хејвард 14, а Даниел Теис со 13 коша. Во редовите на актуелниот првак најефикасни беа Фед ВанВлите со 27 коша и седум асистенции, и Крис Бушер со ефект на кариерата од 24 коша и шест скокови.

Филаделфија 76ерс на Божик на домашен паркет остварија важна победа против Милвоки Бакс со 121:109. Бакс, екипата со најдобриот сооднос во лигата 27-5, на полувремето имаа заостанување од 20 поени. Таа предност во продолжение изнесуваше најмногу 29 коша, но Бакс во завршницата благодарејќи на Крис Мидлтон, кој постигна 31 поен, речиси успеаја да се вратат.

Актуелниот МВП на лигата Јанис Антетокунмпо во целост беше неутрализиран. Филаделфија измени неколку играчи на него, му го затвори рекетот и го тераше на шут од дистанца. Јанис шутираше само 8 од 27 обида, од што 0 од 7 за „тројка“ и мечот го заврши со 18 поени, 14 скокови и 7 асистенции. Од другата страна доминираше Џоел Ембид, со 51 поен, 11 скокови и две блокади.

Во другите натпревари од божикниот НБА спектакл, Голден Стејт Вориорс ги изненадија Хјустон Рокитс со 116:104, а Њу Орлеанс Пеликанс со 112:100 Денвер Нагетс.