Клиперс во финишот ја добија Оклахома, Бостон на гости подобар од Санс

51

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ноќта кон вторникот со 90:88 ги совладаа Оклахома Сити Тандерс, а победата им ја обезбеди Пол Џорџ кој постигна „тројка“ на 25,9 секунди пред крајот на дуелот.

Монтрезл Харел во победата на Клиперс постигна 28 коша со 12 скокови, Пол Џорџ додаде 18. Кај Оклахома, пак, најдобар стрелец беше Крис Пол со 22 поени.

Бостон Селтикс се вратија на победничките патеки по минималниот пораз ноќта кон неделата кај Сакременто, и со сигурни 99:85 на гости ги совладаа Феникс Санс. Џејсон Тејтум го водеше Бостон до победта со 26 поени и 11 скокови, Кемба Вокер додаде 19 коша, додека кај Феникс најдобар беше Девин Букер со 20 коша.

Јута Џез дома загубија од Минесота Тимберволвс со 102:112. Карл-Ентони Тоунс со 29 коша, од кои седум „тројки“ со 13 скокови ги предводеше гостите, а Џеф Демарко Тиг додаде 21 поен со 11 асистенции. Бојан Богдановиќ со 18 коша беше најдобар стрелец кај поразените, Донован Мичел постигна 17 поени, а Руди Гоберт 16 коша со 14 скокови.

Портладн Трејл Блејзерс со 108:132 беа совладани на гостувањето кај Хјустон Рокитс. Џејмс Харден и Расел Вестрбрук заедно постигнаа 64 коша, со тоа што Харден 23 од своите вкупно 36 поени постигна во првото полувреме, а Вестбрук во второто даде 15 од вкупни 28 поени. Покрај тоа Вестбрук впиша и 13 скокови и 10 асистенции, а Хјустон победничката серија ја зголеми на осум натпревари. Си Џеј Меккалам ги водеше Блејзерс со 25 поени.

Њујорк Никс дома со 125:105 ги победија Кливленд Кавалирс. Џулиус Рендл за победата на Никс постигна 30 коша, а Кавалирс на кои ова име четврти последователен пораз ги водепше Кевин Портер со 18 поени.

Лука Дончич во домашната победа на Далас МАверикс од 117:110 над Сан Антонио Спарс стаса до шестиот „трипл-дабл“ оваа сезона, со 42 коша, 11 скокови и 12 асистении. Фини-Смит додаде 22 коша за Далас, а Кристапс Порцингис 18 поени со 10 скокови. Кај Спарс надјобар беше Демар Дерозен со 36 коша.

Милвоки Бакс со 115:101 ги надиграа Чикаго Булс, а Јанис Антетокунмпо постигна 33 коша со 10 скокови.

РЕЗУЛТАТИ 18.11.

Њујорк Никс – Кливленд Кавалиерс 123:105
Бруклин Нетс – Индијана Пејсерс 86:115
Торонто Рапторс – Шарлот Хорнетс 132:96
Чикаго Булс – Милвоки Бакс 101:115
Хјустон Рокитс – Портланд Трејл Блејзерс 132:108
Далас Маверикс – Сан Антонио Спарс 117:110
Феникс Санс – Бостон Селтикс 85:99
Јута Џез – Минесота Тимбервулвс 102:112
ЛА Клиперс – Оклахома Сити Тандерс 90:88

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Бостон 11 2 .846 –
2. Торонто 9 4 .692 2
3. Филаделфија 8 5 .615 3
4. Бруклин 5 8 .385 6
5. Њујорк 4 10 .286 7 1/2

ЦЕНТАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Милвоки 10 3 .769 –
2. Индијана 8 6 .571 2 1/2
3. Детроит 4 9 .308 6
4. Кливленд 4 9 .308 6
5. Чикаго 4 10 .286 6 1/2

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Мајами 9 3 .750 –
2. Орландо 6 7 .462 3 1/2
3. Шарлот 6 8 .429 4
4. Атланта 4 9 .308 5 1/2
5. Вашингтон 3 8 .273 5 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Денвер 9 3 .750 –
2. Јута 8 5 .615 1 1/2
3. Минесота 8 6 .571 2
4. Оклахома Сити 5 8 .385 4 1/2
5. Портланд 5 9 .357 5

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. ЛА Лејкерс 11 2 .846 –
2. ЛА Клиперс 9 5 .643 2 1/2
3. Феникс 7 5 .583 3 1/2
4. Сакраменто 5 7 .417 5 1/2
5. Голден стејт 2 12 .143 9 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Хјустон 11 3 .786 –
2. Далас 8 5 .615 2 1/2
3. Мемфис 5 8 .385 5 1/2
4. Сан Антонио 5 9 .357 6
5. Њу Орлеанс 4 9 .308 6 1/2

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.