„Кливленд“ и „Бостон“ на чекор до финалето на Западот

Кошаркарите на „Кливленд Кавалирс“ и „Бостон Селтик“ се на прагот на финалето од доигрувањето на Западната конференција по ноќешните победи и зголемување на водството од 3:0 во сериите против „Торонто Репторс“ и „Филаделфија Севентисиксерс“. Во двата извонредни меча победникот беше решен во последните секунди.

Кливленд по двете победи во Канада вчера славеше на домашен терен со 105:103, со кошот на Леброн Џејмс во последните моменти.„Кавалирс“ имаа потполна доминација во првото полувреме кое го завршија со предност од 15 поени. Со истото темпо продолжија во третата четвртина и во последниот период во кој влегоа со 79:65. Сепак, гостите се вратија во игра и на осум секунди пред крајот, Оџи Ануноби погоди тројка за изедначување 103:103. И кога практично сите се подготвуваа за продолжение, Џејмс го помина целито терен и од тешка позиција го погоди кошот со кој му донесе победа на својот тим. „Кралот“ беше најефикасниот играч на средбата со 38 поени, седум асистенции, шест скока, и три освоени топки. Во триумфот му помогнаа Кевин Лов од 21 поен и 16 скока, како и Кајл Корвер со 18 коша.
Кај „Торонто“ Кајл Лаури забележа 27 поени и 7 асистенции, додека Ануноби постигна 18 поени, со четири тројки од седум обиди.

https://youtu.be/XdXfQ-ubWy0

Во вториот меч на вечерта, со 3:0 во серијата поведоа и Бостон Селтикси против Филаделфија. Тие дури по продолженијата славеа со 101:98.Цело второ полувреме се играше кош за кош, а крајот донесе возбуда карактеристична за НБА лигата. „Сиксерси“ во последните секунди имаше напад за победа при резултат 87:87, но им ја подари топката на гостите кои на 1,5 секунда дадоа кош за два разлика.Кога се чинеше дека е се готово, Белинеи погоди од речиси мртов агол за продолжение во кое „Филаделфија“ поведе и со 5 разлика. Сепак, во последните секунди ја прокоцкаа предноста, откако јунакот на „Бостон“, Ал Хорфорд погоди за победа, а и ја освои топката во последниот напад на домаќините. Кај „Бостон“ најдобри беа Џејсон Татум со 24 поени иТери Розиер уфрли 18 коша. Кај домаќините стандардно најдобар беше Џоел Ембид со 22 поени и 19 скока.