Кливленд за малку прокоцка сигурно водство против Орландо

Филаделфија 76ерс забележа победа над Бостон Селтикс, Орландо Меџикс загуби од Кливленд Кавалирс иако успеаја да стасаат заостанување од 23 поени, додека Индијана Пејсерс беа поразени од Портланд Трејл Блејзерс во ноаптреварите одиграни ночта кон петокот во НБА лигата.

Филаделфија 76ерс со 89:80 беа подобри од Бостон Селтикс, а до победата ги водеше Џоел Имбиид со 16 поени и 16 скокови. Бостон настапи без својот најдобар играч Кајри Ирвинг, кој има повредено рамо. Ал Хорфорд и Маркус Морис постигна по 14 кошови за Селтикс. Откако славеа во седум мечеви со ред, ова е трет пораз на Селтикс во низа.

Кливлен Кавалирс со 104:103 славеа против Орландо Меџикс кои успеаја да надоместат заостанување од дури 23 поени од втората четвртина за да је преземат контролата во третата и да го има последниот напад на мечот. Кошот за водството на Орландо од 103:102 го постигна Мак, но судиите на 11,2 секунди до крајот досудија фаул на Ајзеа Томас кој ги реализираше двете слободни фрлања, а во нападот кој следуваше Илфрид Пејтон не успеа да поентира за победа на Орландо.

Орландо сега има сооднос од 13 победи и 32 порази, додека скорот на Кливленд изнесува 27-17.

Пејтон беше најефикасен кај Орландо со 19 поени, Ивен Фурние додаде 17 а Џонатан Сајмонс 16 кошови. Ајзеа Томас постигна 21 кош за Клинвленд, а Леброн Џејмс 16 поени со 6 асистенци.

Индијана Пејсерс беа поразени со 86:100 во дуелот со Портланд Трејл Блејзерс. На малку повеќе од минута пред крајот на третата четвртина Пејсерс имаа водство од 74:68, но од тој момент до девет минути од последната делница Портланд направи серија од 14:0 за водство од 82:74 кое не го испуштија до крајот.

Виктор Одалипо и Дарен Колисон со по 23 кошови беа водечки играчи кај Индијана, додека кај Портланд најдобар беше Демиен Лилард со 26 погодоци и 8 асистенции.