Клоп е подготвен да одбие понатамошно учество во Лига купот

10

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по победата над Арсенал во 1/8 финалето од Лига купот, ги повика фудбалските власти да најдат место на календарот за следната средба на „црвените“ во ова натпреварување.

Во декември, за кога е закажано четвртфиналето, Ливерпул ќе замине на клупскиот светски шампионат.

– Ако не можат да најдат соодветен датум за нас, а јас не мислам тоа да е три дена пред Божик, тогаш не можеме да играме, нашите ривали ќе одат понатаму. Ливерпул нема да биде жртва на овој проблем. Мислам дека многу луѓе од Премиер лигата го гледаа натпреварот на ТВ, надевајќи се дека Арсенал ќе го стори тоа … Извинете! – изјави Клоп за Би-Би-Си.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.