Клоп го продолжи договорот со Ливерпул до 2024 година

30

Германскиот фудбалски стратег Јирген Клоп, денеска потпиша нов договор со Ливерпул, со кој Клоп останува на клупата на актуелниот европски првак до 2024 година.

Клоп кој има 52 години, кариерата ја почна во Мајнц, потоа ја водеше Борусија Дортмунд, а веќе четврта година е во Ливерпул, со кој имаше договор до 2022, но успешната соработка е продолжена за уште две години.

Сезонава „црвените“ се на добар пат да го прекинат малерот од 30 години без титула во англиската Премиерлига. Клоп рече дека уште кога дошол во клубот во есента 2015 година, знаел дека тој и Ливерпул се создадени еден за друг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.