Клоп избран за најдобар тренер во Премиер лигата

Педесети и тригодишниот германски менаџер на англискиот фудбалски шампион Ливерпул, Јирген Клоп, е прогласен за тренер на сезоната во Премиер лигата, откако на својот порано најтрофеен клуб во Англија му ја донесе титулата по цели 30 години.

Ливерпул под водство на Клоп победи во 32 од 38-те натпревари во англиското првенство, завршувајќи ја сезоната со 99 бодови.

Германецот во изборот за најдобар тренер на сезоната е избран пред стратезите на Челзи, Франк Лампард, на Лестер Сити, Брендан Роџерс и на Шефилд Јунајтед, Крис Вилдер.

Клоп во текот на изминатата сезона пет пати беше прогласуван за тренер на месецот, со што го надмина менаџерот на Манчестер Сити, Каталонецот Жозеп Гвардиола, кој во сезоната 2017/18 тоа го оствари во четири месеци.

Во јули Клоп беше прогласен и за најдобар тренер во сезоната и во избодот на Здруженитео на тренерите на лигата (LMA).

Бекот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд е прогласен за најдобар млад играч. Овој 21-годишник победи во конкуренција на Маркус Рашфорд, Антони Марсиал, Мејсон Гринвуд – сите од Манчестер Јунајетд, и двоецот од Челзи – Кристијан Пулишич и Мејсон Моунт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.