Клоп: Левандовски не е поголем од Борусија од Дортмунд

Контроверзниот тренер на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп, испрати јасна порака од полскиот интернационалец, Роберт Левандовски, дека никој не е поголем од клубот, ниту еден фудбалер.

„Секој фудбалер може да биде купен од некој друг клуб, но никој, ниту еден фудбалер не е поголем од Борусија од Дортмунд. Се е во добриот план, важно е да имаш добар план за во иднина. Се ќе си продолжи, јас немам никаква дилема, живото ќе си продолжи. Ние немаме ништо против одлуката на Левандовски. Знаевме уште пред неколку месеци дека ќе потпише за Баерн (М). На сите им е јасно дека никој не го принуди, дека Борусија немаше никакво влијание врз неговата одлука. Одлично што сега и јавно откри кој е неговиот нов клуб, сега ќе нема никакви шпекулации”, изјави Клоп.