Германскиот тренер на англискиот фудбалски великан Ливерпул, Јирген Клоп, одлучи да го напушти клубот по крајот на сезоната.
„Јас сум, како да кажам, на крајот од енергијата“, изјави Клоп за веб-страницата на Ливерпул.
„Сега немам проблем, очигледно, знаев веќе подолго време дека тоа ќе мора да го објаван во еден момент, но сега сум сосема добро. Знам дека не можам да ја работам работата повторно и повторно и повторно и повторно“, додаде тој.
Откако ги одведе „Црвените“ во уште едно финале во средата навечер, ремизирајќи со Фулам со 1:1 во реваншот од полуфиналето на Карабао купот, 56-годишниот Клоп ќе стави крај на своето осум иполгодишно владеење на „Енфилд“.
Помошниците на менаџерот Пепијн Лијндерс и Петер Кравиц, како и елитниот развоен тренер Витор Матос, исто така, ќе ги напуштат своите позиции на крајот на сезоната.
„Сакам апсолутно сè во овој клуб, сакам сѐ во врска со градот, сакам сѐ во врска со нашите навивачи, го сакам тимот, го сакам персоналот. Сакам сѐ. Но, фактот што веќе ја носам оваа одлука покажува дека сум убеден дека таа е онаа којашто морам да ја донесам“, рече Клоп.
Со Ливерпул, тој освои шест големи трофеи: титулата во англиската лига (2018/2019), Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА (2019), Лига купот и ФА 2021/2022.