Клоп: Не размислуваме за бодовната разлика, туку само за следниот натпревар

Тренерот на Ливерпул не сака многу да зборува за високата предност што неговите избраници ја создадоа пред конкурентите за трофејот во Премиер лигата.

– Осум бода не одвојуваат од Лестер,  додека Манчестер сити заостанува девет бода зад нас. Разликата е голема, но не и кој знае каква за уште од сега да се мисли дека првенството е готово. Ние сме целосно опуштени. Не размислуваме за празнината во табелата, не размислуваме за бодови, само за следниот натпревар. Досега ова функционираше многу добро и сакам така да продолжиме. Сакам на секој натпревар да пристапуваме како да ни е решавачки за трофејот, изјави Клоп.

Додава дека ќе биде многу тешко до крајот во трката со актуелниот шампион Манчестер сити, се подобриот Челзи, како и шампионот од пред неколку години, Лестер.

По 13 кола во Англиското фудбалско првенство Ливерпул е прв со 37 бода, Лестер има 29, Манчестер сити 28, Челзи 26.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.