Клоп: Премиер лигата не е трка меѓу два коњи

15

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира на тоа дека битката за титулата во Премиер лигата нема да биде само помеѓу неговата екипа и Манчестер Сити и не гледа никаква предност во тоа дека тимот од Мерсисајд игра пред шампионите.

„Црвените“ се домаќини на Арсенал на „Енфилд“ во сабота навечер, додека граѓаните патуваат во Бурнемаут на посета на локалниот тим во недела попладне. Екипата на Пеп Гвардиола го престигна Ливерпул со еден бод во текот на изминатата кампања, но запрашан дали е прерано да има корист заради нивниот меч пред оној на Сити, Клоп одговори: „Февруари е премногу рано за тоа. Не ми е гајле, да бидам искрен. Минатата година на крајот на сезоната, на кратко размислувавме за тоа, но нивните играчи не беа толку под влијание на тоа како нашите. Она што ми е поважно е дека ова не е трка помеѓу два коњи. Ако беше тоа, ние не знаеме дали и ќе бидеме вториот коњ. Имаме многу да покажеме повторно. Тоа беше за прв пат да играме сезона како минатата – како е можно да се земе здраво за готово дека ќе играме на ист начин и оваа сезона? Има простор за подобрување. Никој не се грижи кој игра прв“.

Германскиот стратег изрази задоволство и од повторното потпишување со Алекс Окслејд-Чемберлен во четвртокот по закрепнувањето од тешка повреда на коленото.

– Бев многу среќен што слушнав дека тој повторно потпиша. Одлично е што тој останува со нас. Разговаравме многу за него, дури и кога беше повреден, заради неговиот талент. Сега се врати и 100% е подготвен, што е добро. Тој е во добра форма, што ни помага многу, прокоментира Клоп.

Веста за новиот договор на Чемберлен дојде во истата недела кога Ливерпул објави нови планови за проширување на „Енфилд“ – само три години откако беше реконструирана трибината „Мејн стенд“.

– Планирано е, работите се во почетна фаза. Не е лесно и некои работи треба да се разјаснат. Но, ми се допаѓаат плановите – поголема поддршка во текот на сезоната дефинитивно ќе ни помогне. Ја сакам „Мејн стенд“ – по реконструкцијата, не сум видел нешто подобро во Европа, заврши Клоп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.