Клоп веќе се откажа од шампионската титула

48

Иако денеска стартува пролетниот дел од актуелната сезона во германската Бундес лига, предводникот на Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп е убеден дека неговиот тим не може да му биде конкуренција на Баерн (М) кога е во прашање трката по шампионската титула.

“Пролетниот дел од сезоната го стартуваме на четвртата позиција на табелата и имаме многу бодови помалку од екипата на Баерн (М).  Сите сме свесни дека се е во рацете на Баерн (М). Во овој момент, ние не можеме, ние не смееме да се споредуваме со Баерн (М). Борусија мора да биде сконцентрирана само на следниот натпревар, а сега мора да бидеме сконцентрирани само на првенствената пресметка против Аугсбург. Потоа сакаме да ги поминеме тие тимови кои се пред нас. Тоа е можно, не можам да гарантирам, но мислам дека е можно. Мислам дека се разбуди и нашиот борбен дух”, изјави Клоп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.