Клубовите од Премиер лигата потрошиле над милијарда фунти за засилувања

Англиските фудбалски клубови потрошиле 1,1 милијарда фунти на трансфери во текот на летниот преоден рок од 9-ти јуни до 11-ти август, што е за 11 отсто помалку од минатото лето кога потѕрошиле 1,3 милијарда фунти.

Според податоците на ревизорската компанија „Deloitte“, ова е најмалата колектувна потрошувачка од страна на клубовите во Премиер лигата од 2015 година и првпат е забележан последователен пад од глобалната финансиска криза меѓу 2008 и 2010 година, пишува BBC.

Последниот ден од преодниот рок потрошени се 150 милиони фунти, што значи дека англиските прволигаши потрошиле повеќе од милијарда фунти шеста години со ред. Ова лето англиските клубови донеле вкупно 148 играчи, додека минатата година доведоа 132, а 128 гудбалери во 2019 година.

Само четири клубови во Премиер лигата не доведоа играчи кои биле слободни, додека минатата година тоа го сториле осум клубови.

Германската Бундеслига е единствената европска лига од „големата петорка“ којашто ја зголемила потрошувачката за засилувања ова лето.

По Премиер лигата во летниот преоден рок најмногу потрошиле клубовите од италијанската Серија А, 475 милиони фунти.

Од позначајните засилувања во Англија се истакнуваат Џек Грилиш кој од Астон Вила мина во Манчестер Сити за 100 милиони фунти. Челзи за 97,5 милиони фунти го доведе Ромелу Лукаку од милански Интер, но најзвучниот тренсфер беше враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед за 12,85 милиони фунти од Јувентус. Јунајтед, исто така, ги доведе Џејдон Санчо за 73 милиони фунти и Рафаел Варан за 34 милиони фунти.