Клучен министер во британската влада оди во самоизолација поради Covid-19

Мајкл Гоув, министерот за кабинетот во владата на британскиот премиер Борис Џонсон, оди во самоизолација поради тоа што еден челн од неговото семејство има сиптоми на болеста Covid-19, извести во вторникот телевизијата iTV.

Гоув, еден од најважните министри во владата на Џонсон, ќе продолжи да работи во самоизолација и засега нема никавкви сиптоми за болеста предизвикана од заразата со новиот тип на коронавирусот, се наведува во извештајот на телевизијата iTV.

„Тој е клучен за координацијата, и тоа помалку ќе ги отежне работите“, рече политичкиот уредник на јавниот сервис BBC.

„Ви благодарам на изразите на поддршка. Во согласност со препораките, ќе се изолирам дома откако еден член од моето семејство почна да покажува благи симптомо на коронавирусот во неделата“, напиша Гоув на Twitter.

Премиерот Џонсон од понеделникот вечерта е на интензивна нега во болница, откако десет дена кај него не минуваа симптомите на коронавирусот на кој е позитивен. Министерот за здравство, Мет Хенком, пак, се врати на работа откако претходно беше позитивен, а последните седмици и други членови на британката влада мораа да се изолираат во домашни услови.