Клучното прашање на кое Ковачевски треба да одговори и без кое нема продолжување на разговорите е кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за СДСМ, вели опозицијата

Откако Ковачевски кажа дека на лидерската средба нема договор, сега направи партиски состанок за кој разговара за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што Македонија има пишман премиер и тоа што главната комуникација оди преку јавни препукувања говори за тоа во каква атмосфера се носат важни одлуки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде јасно: Уставни измени какви што понуди СДСМ под бугарски диктат не се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ не е прифатливо членство во ЕУ и заштита на националниот идентитет.

Она што беше понудено од претседателот Мицкоски е промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција.

И во таа насока беа понудени два предлози. Првиот преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ, вториот избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата.

Клучното прашање на кое Ковачевски треба да одговори и без кое нема продолжување на разговорите е кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за СДСМ?

Потребен е јасен и недвосмислен одговор пред било каков друг чекор“, додаваат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.