Клучот за бегствата од затвор е кај судот, а законите по диктат на организираниот криминал и политиката не важат за сите

Се чини дека многу едноствано стана да направиш убиство и да избегаш од држвата и од соочувањето со законот. Други, пак, тоа го прават многу едноствано и од затвор. Таков е последниот случај со затвореникот Игор Спасов, специјалецот кој го уби Мартин Нешковски.

Тој деновиве ги искористи дупките на системот, или пак некој му помогна во тоа, со наводно здравстевните проблеми ги изигра и докторите и судиите и фати магла од Македонија. Засега нема ни трага ни глас од него, а институциите ќе го бараат. Други, дебелите врски ги користат веднаш, стануваат невидливи за органите на прогонот, а има повеќе такви случаи, и во сегашноста и во минатото.

Денеска Судот во Штип го објаснуваше целиот случај.

Се поставуваат повеќе прашања: Каде е грешката? Зошто системот не функционира? Зошто првадата за едни е мајка а за други маќеа? Кој и зошто ги штити криминогенити лица? Дали сме способна држава? Дали партиите и политичарите се над правото и правдата? Дали вакви нѐ сакаат во Европа?

Така, откако на 18 август годинава му истече прекинот од една година на издржување на затворската казна, Спасов повторно со поднесена медицинска документација доби нов прекин кој траеше до 18 октомври.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на момчето Мартин Нешковски вечерта на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори. Казната затвор ја издржува од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми. Тој требаше да се јави во затворот „Идризово” на 18 октомври.

„Генерално, сѐ  е поврзано со нефункционирањето на институциите. Сите се зафатени со вирусот на нефункционирање на установите. Веројатно, докрај не е релаизиран проектот на Македонија, реморма на општеството. Реформите треба побрзо и посилно да се случуваат“, вели професорот Ѓорги Тоновски, чија специјалност е социлогијата.

Тој посочува, гледано од општ апсек,  дека оние коишто се осудени на подолги затворски казни, се оние кои би ризикувале  да ја намалат казната или да избегаат.

„Нивниот профил е поинаков, бидејќи другите се помируваат со судбината. Овие се поодважани и влегуваат во ризик да си ја испробаат среќата, односно ако може да ја избегаат судбината која сами си ја скроиле. Во општиот момент, нереформираното општество се  јавува кај судиите и другите професии во државата. Од друга страна, овие лица се подготвени да поткупат и да се заканат“, заклучува Тоновски.

Адвокатот Ванчо Шехтански кој го застапува семејството на настарданиот Никола Саздовски, при што едно од момчињата што учествуваше во тепачката со смртни последици за Саздовски е избеган, по бегството на Спасов, проблемот го лоцира во судот.

„Бараш до кривчниот совет прекин на издржување на казната, јавен обвинител дава согласност, директор на затворот вика амин“, вака ја опишува шемата за „бегствата“ од затвор Шехтански, нагласувајќи дека секој не може да го направи тоа. Тој констатира дека тоа отсекогаш постоело и ќе постои.

„Тоа е класична корупција. Во такви случаи треба сите да одговараат“, потенцира адвокатот Шехтански.

Јетон Лужа, која 29 јуни 2018-та, заедно Бесир Беља и Скендер Демири учествуваше во насилството врз Никола Саздовски – Саздо, избега и за органите на прогонот до ден-денес му е недостапен. Неофицијално, тој се поврзува дека е во родниска врска со висок функционер на политичка партија, и затоа го избгнува соочувањето со правадата, а уште почудно е што тој е издвоен од другите двајца и на него ќе му се суди посебно. Претпоставките се дека се чека да се издејствува преквалификација на делото од убиство во наислство. Обвинетите Бесир Беља (20) и Скендер Демири (21) се осудени на затворска казна од 19 години. Судијката изрекувајќи ја пресудата, рече дека според вештачењата од Судска медицина и од извршената реконструкција на настанот во присуство на сведоците очевидци, Саздовски не починал од падот врз кутијата на ЕВН, како што тврдеше одбраната, туку дека обвинетите свирепо го убиле.

Исто така и Филип Секуловски – Кобра кој беше осомничен за убиството беше во бегство две години. Јанушев на 3 ноември 2017 година беше застрелан пред влезот на зградата во која живеел во скопската наслеба Аеродром. Патем, Секуловски беше осуденик кој користел викенд-отсуство од затворот во Шуто Оризари во моментот кога го извршил убиството на Јанушев. Кобра беше баран со потреница од МВР, но сам се пријави во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници, осомничени за убиствата кај Смилковското езеро.

Директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, Јовица Стојановиќ, проблемот го лоцира на друго место, кај судот, бидејќи Управата мора да ги почитува и правата на осудениците, како лечење, за кое се добива мислење од здравстевна установа.

„Тоа не се дупки во системот, туку  права. Тој (Спасов) имаше прекин на казна 14 месеци и не се врати на издржување. А зошто не се вратил, сите одговори се во судот, бидејќи тој не е во установата на издржување на казната“, истакнува Стојановиќ.

Секако, политиката и политичарите имаат големо влијание на ваквите соостојби, односно ослабување на сите системи во спроведувањето на правото и правдата, штитејќи свои блиски, сопартијци, партиски извршители, економски моќници кои шуруваат со политичките структури, но и криминалот.

„Факт, МВР од година во година има послаби резултати, а политиката има влијание на сите институции, дури и премногу се меша во издржувањето на казните. Честопати тие лица се користат како политичка војска. Со еден збор, партизирана држава“, вели поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, прашувајќи кој и зошто ја развласти полицијата.

Тој вели дека години наназад носиме закони по дикат на организираниот криминал чии корења се на светско ниво, а кои почнува интензивно да се штанцаат од 2001 година па наваму, односно по војната.

„Го сменивме кивичното законодавство, во 2013-та со закон полицијата ја направивме како спореден играч. На времето Обвинителството беше обрзано да постапи по кривчната пријава на МВР и по истата да повратен одговор. Така имавме уште еден степен на контрола на ЈО, од истражен судија. Се носат закони од интерес на организираните крминални групи. Го разивме системот на неказанивост на политичките и економските елити. Изградиме системи кои грантираат неказнивост, наместо да правиме држава во последните три години, се пазарат, се ректираат и не се казнуваат елитите“, тврди Ѓурчески и додава:

„Секогаш се водеше смета како да се развласти полицијата за да се заштитат криминалните групи. Борбата со организираниот кримнинал се води на два начина: првиот е со закон, а вториот е со законот на силата“.

Според Ѓурчески, излезот од оваа безнадежна ситуација е во голем народен консезус во трета политичка опција која ќе да донесе закони за засилување на моќта на држвата, при што претходно ќе се направи ветинг на целокупниот имот на тие со кои треба да се судри.

Неговата констатација е дека еталирабвме: мафија, неказнивост и ослабување на полицијата.

Затоа на новата влада и предлага промена кривчниот законик, зголемување на висината на казните, потоа да нема застарување казни, промена на законот за полиција и да се вратат надлежностите на управите за извршување, инспекциите, контрола на двениот промет, а не гледање на трансакциските сметки. Како чекори кои ќе дадат ефикасни резултати во борбата со коруптивниот систем предлага укинување на субвенициите за странските инвестции.

Царината борбата да ја води на граница, бидејќи сегашниот систем е извор на коруптивност. Искоренувањето на корупцијата да се парви со строги казни спрема оно што прима, а да биде ослободен оној што дава, бидејќи е присилен на тоа. Да не може истрага да трае повеќе од шест месеци (3+3) и да се донесе пресуда, а адвокатите да бидат мотивирани и апелација побрзо да решава.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.