Клуге: Половина од жртвите на Ковид-19 во Европа се од домови за нега на стари лица

Ханс Клуге, шеф на Светската здравствена организација за Европа, изјави денеска дека половина од жртвите на новиот коронавирус во Европа се штитеници во домови за нега на стари лица.

Тој на прес-конференција рече дека станува збор за „незамислива трагедија“ и дека последиците од Ковид 19 во такви домови покажале „длабоко вознемирувачка слика“ каде старите често биле запоставени.

Клуге рече дека здравствените работници во такви објекти честопати биле преоптоварени и недоволно платени и повикаа да се обезбеди поголема заштитна опрема.

Иако пандемијата се стабилизира или опаѓа во некои европски земји, тоа е далеку од тоа, рече тој, истакнувајќи дека околу половина од сите заразени и починати од вирусот во светот се во Европа.