Клуни со великодушен потег за неговите 14 пријатели

Холивудскиот актер Џорџ Клуни потврди дека еднаш им дал милион долари во готово на своите најдобри пријатели.

Таа приказна протече во јавноста уште во 2017 година преку пријателот на актерот Ренди Гербер, но Клуни дури сега проговори за тоа.

Во интервју за GQ, Клуни рече дека сè се случило во 2013 година, во времето кога го снимил филмот „Гравитација“. Продуцентите им дадоа на актерите процент од заработката на филмот наместо авторски права, и покрај очекувањата дека нема да помине како што треба на боксофисот, „Гравитација“ стана глобален хит, што му овозможи огромна заработка.

„Амал и јас само што се запознавме и сè уште не бевме во врска. Бев сингл. Сите старееме, а повеќето од моите пријатели се постари од мене. И си помислив, сè што имам се овие момци кои ми помагаат на еден или друг начин веќе 35 години. Спиев на нивните каучи кога бев скршен. Ми позајмија пари кога бев скршен. Со години ми помагаа секогаш кога ќе ми требаше помош. И јас им помогнав. Ние сме добри пријатели“, изјави Клуни, а пренесе „NME“.

„И мислев дека нема да имам ништо од ова без нив. Навистина сме блиски и всушност ми падна на памет дека кога ќе ме удри автобус, сите ќе бидат во тестаментот. Па, зошто по ѓаволите чекам да ме удри автобус“, продолжи славниот актер.

Така, тој собрал 14 милиони долари во готово, купил 14 патни торби во кои спакувал по 1 милион долари и поканил 14 свои најблиски пријатели како гости.

„Извадив мапа и им ги покажав сите места во светот и нештата што можев да ги видам благодарение на нив, и ги прашав: „Како да им вратам на луѓето за тоа?“ Потоа им реков: „Па, што велите за милион долари?“ И, најсмешно од сè е што беше 27-ми према 28-ми септември, и сосема случајно, на 27-ми септември следната година, се ожениив“, изјави Клуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.