Клупско СП: Баерн и Палмеирас ги дознаа противниците

epa08986912 Diego Reyes (R) of Tigres in action against Kim Jihyun of Ulsan during the 2nd round match between Tigres UANL and Ulsan Hyundai FC at the FIFA Club World Cup in Al Rayyan, Qatar, 04 February 2021. EPA/ABBAS ALI

По мексикански Тигрес, пласман во полуфиналето на клупското светско првенство кое се одржува во Катар изборија и фудбалерите на египетски Ал Ахли кои со 1:0 го победија катарски Ал Духаил.

Прашањето на победникот го реши погодокот на Хусеин ел Шахат во 30 минута од натпреварот.

Африканскиот шампион во полуфиналето ќе се соочи со европскиот првак минхенски Баерни, а мечот на распоред е на 8-ми февруари.

Ден претходно ќе играат првакот на Јужна Америка, бразилски Палмеирас и мексиканскиот Тигрес кој во првиот ме од четвртфиналето го победи корејски Улсан Хундаи со пресврт со 2:1.

Улсан поведе во 24 минута со голот на Ким Ки-Хе, но мексиканскиот тим дојде во водсто со двата погодока на Французинот Андре-Пјер Жињак во 38 и од пенал во третата минута на судиското продолжение на првото полувреме. Поранешниот напаѓач на француските прволигаш Марсеј и Тулуз за Тигрес игра од 2015 година и во 246 натпревари постигна 144 погодоци.

Во второто полувреме азискиот и корејски првак се обидуваше да израмни, а еден погодок му беше поништен поради мал офсајд, но не успеа против поискусниот противник.

Финалето на клупскиот мундијал е закажано за 11-ти февруари.