Клупско СП: Ливерпул ги чека Ал-Сад, Хијанген или Монтереј

Во седиштето на Меѓународнота фудбалска асоцијација ФИФА во Цирих во понеделникот беше одржан жребот за двојките на светското клупско првенство кое од 11-ти до 21-ви декември ќе се одржува во Катар.

Актуелниот европски шампион Ливепрул во полифуналето ќе игра против катарски Ал-Сад, Хијанген Спорт од Нова Каледонија или мексикански Монтереј.

Прво меѓусебно ќе се пресметаат катарскиот и претставникот на Нова Каледонија, а победникот од овој дуел ќе игра против Монтереј. Подобриот од овој меч во четвртфиналето ќе игра против Монтереј, а подобриот од овој дуел во полугиналето ќе игра против англискиот гигант.

На другата страна од ждребот позанта е само прватако на Африка, односно Есперанс де Тунис. Најдобриете јужноамерикански екипи ќе биде познати на 23-ти ноемри, а најдобрите азиски ден подоца,

Копа Либертадорес стаса до полуфиналето во кое ќе се сретната аргентинските гиганти Бока Јуниорс и Ривер Плејт, и бразилските клубови Гремио и Фламенго. Првите полуфинални натпревари се на 1-ви и 2-ри октомври, а реваншите на 22-ри и 23-ти истиот месец. Финалето е закажано за 23-ти номеври во чилеанската престолнина Сантијаго.

Ва азиската Лига на шампионите натпреварвањето е до пред четвртфинилните дуели.

Титулата на клупски светски првак минатата година ја освои Реал Мадрид кој во финалето го победи Ал-Аинн од Обединетите Арапски Емирати со 4:1.

Турнирот беше основан во 2000 година, а од 2005 година се одржува секоја година во декември.