Кнејсл бара да не се политизира Северн тек 2

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнејсл изјаиви во петокот за руската агенција РИА дека гасоводот Северен тек 2 е комерцијален проект кој не треба премногу да се политизира.

Австријката ја коментираше изјавата на идната претседателка на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лејен, чијашто земја е инаку најголем поборник и инвеститор во Северен тек 2, дека овој гасовод претставува голема закана за преголемата зависност на ЕУ од енергетските ресурси од Русија.

„Да, знам за тоа, но со Северен тек 2 се занимаваат компании. Тоа не е проект на Европската комисиај, во него инвестирале претприемачи“, изјавила Кнејсл.

„Проектот е речиси завршен. Никој не гради гасовод за да ги загрози другите. Тој е соочен со истите приговори кои се појавија меѓу 2005 и 2010 година, кога своите резерви ги изразуваа Данска, Полска и балтичките земји, па тие проблеми беа решени. Се надевам дека ќе бидат решени и сегашните потешкотии. Сите би требало да бидат заинтересиран за тоа претприемачкиот проект да не биде политизиран“, вели Кнејсл.

Северен тек 2 е проект на полагање две гасоводни траси по дното на Балтичкото Море, со почетна точка во Русија а крајна во Германија, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, со што се удвојува капацитетот на гасоводот Северен тек. Завршувањето на градбата е планирано за крајот на годинава. Неговата траса се протега низ територијалните води или екслузивнтие економски зони на Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија, а дозвола за полагање на цевките низ својата област на јурисдикција досега не даде уште само Данска.

Единствениот акционер на „Nord Stream 2 AG“ е Газпром. Претходно беше планирано Газпром во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Европските партнери, пак, од своја страна ветија дека ќе го финансираат Северен тек 2 со вкупно 50 отсто, односно секој со по 950 милиони евра. Газпром, ќе ја обебеди другата половина од средствата во износ од 4,75 милијарди евра. Истовремено, компаниите учеснички во проектот планираат 70 отсто од инвестициите да ги покријат со провлекување ткн проектно финансирање. Вкупните трошоци за проектот се проценуваат на сума од 9,5 милијарди евра.

Против овој проект, со кој се удвојуваат испораките на руски гас во Германија и на европскиот пазар, во прв ред се изјасни Украина којашто стравува дека ќе загуби досегашните приходи од транзитот на рускиот енергенс преку нејзината територија. Се противат, исто така, и земјите од Балтикот, како Полска, Латвија и Литванија, кои сметаат дека ќе треба да плаќаат поскап природен гас, како и САД. Вашингтон повеќепати предупредува или се заканува, посебно на Берлин за тоа дека со развојот на проектот Северен тек 2 наводно ќе ја зголеми енергетската и безбедносна зависност од Москва, на што германската страна повеќепати одговори дека САД сакаат да ги промовираат извозот на својот течен гас (LNG) во ЕУ, за што е потребно градење скапа инфраструктура.